• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Секундарни тумори на срцето Печати

Секундарните тумори на срцето се метастази во срцето. Тие се ретки, а најчесто ги дава ракот на бронхите (дишните патишта) и ракот на дојката.

Кога е зафатен перикардот (срцевата обвивка) се јавува болка во градниот кош, воспаление на перикардот со тампонада на срцето.

Зафатеноста на миокардот (срцев мускул) е пратена со пореметен срцев ритам и пореметена срцева спроводливост, со срцева слабост, а понекогаш и со срцев инфаркт.

Ендокардните метастази даваат слика на пореметена хемодинамика, слабост на залистоците и системски и белодробни емболии.