• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Состојките на сојата помагаат при несоница

Многу студии докажале дека сојата го чува здравјето. Сојата е богата со изофлаворини, растителни хормони, кои се јаки антиоксиданси.

Фитоестрогените од сојата кои имаат антиканцерски ефекти кога е во прашање ракот на дојката, на простатата, на дебелото црево, а белите дробови и на желудникот. Изофлавоните на сојата го имитираат дејството на тамоксифенот (лек кој се дава кај хормонско- зависен рак на дојка).

Исто така, протеинот од сојата ги инхибира (кочи) ензимите кои го стимулираат зголемувањето на клетките на простатата.

Сојата го намалува и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, поволно делува и врз органите на системот за варење. На лицата со чувствителен желудник им се препорачува сојата и намирниците од сојa.

Најновото истражување кое било спроведено на жени во посменопауза покажало дека состојките на сојата поволно влијаат и при несоница.

Бразилските научници во својата студија го испитувале дејството на соединението изофлавон од сојата кај 34 доброволци кои пателе од несоница. Тие со прецизни тестови за мерење на квалитетот на сонот утврдиле дека секојдневното земање на 80 милиграми изофлавон доведува до значително подобрување на квалитетот на сонот и негово продолжување. На почетокот на истражувањето, 90% од испитаниците се жалеле на несоница, а на крајот на истражувањето само 37%.

 

Најчитани наслови