• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Ризик фактори за дефицит на витамин Д Печати

Др. Дарко Стојановски

Најверојатната причина за недостаток на витамин Д е неадекватно изложување на сончева светлина. Ова се јавува кај луѓе кои не излегуваат многу надвор, во области на светот каде има големо загадување и ги блокира УВ зраците, или каде временските услови не дозволуваат да се поминува подолго време на отворено.

Стаклените филтери, како и кремите за заштита од сонце ги блокираат УВ зраците, кои се потребни за продукција на витаминот Д.

Луѓето со потемна кожа апсорбираат помали количества на УВ зраци.

Доволно изложување на сонце за време на летните месеци како и соодветен внес со храната би требало да е доволно за да го снабдува организмот со витамин Д и во зимските месеци.

Веганите, или било кој што не внесува доволно млечни производи со исхраната, a во исто време не се изложува доволно на сонце, исто така има зголемен ризик за дефицит на витамин Д, исто и постарите лица, поради намалената способност да синтетизираат витамин Д.

Бебињата обично се раѓаат со девет месечна залиха на витамин Д . Тие кои се предвремено родени имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Д и калциум. Исто така и доенчиња после девет месеци кои не добиваат млеко збогатено со витамин Д и соодветно изложување на сонце исто така имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Д.

На лица со болести на црниот дроб, и бубрезите, потребен им е витамин Д суплемент, во активна форма, поради неможноста за негово синтетизирање.

Исто така суплементи на витамин Д им се потребни и на лица кои земаат одредени лекарства, како антиконвулзиви, кортикостероиди, холестирамин, или холестипол. Тоа значи дека пациенти кои примаат терапија за артритис, астма, алергии, автоимуни состојби, висок холестерол, епилепсија, треба да се консултираат со лекар, пред да започнат да земаат суплементи на витамин Д.

Како што е случај и со другите витамини, прекумерната употреба на алкохол има негативен ефект врз апсорпцијата и складирањето на витаминот Д. Кај населението во сиромашните, неразвиени земји, почесто се јавува дефицит на витамин Д, како и на други витамини, поради недоволен внес со храната.

Намалена способност за апсорпција на витамин Д, земен орално, може да биде поради цистична фиброза или отстранување на делови од дигестивниот тракт.

Други групи на луѓе каде се потребни повисоки дози на витамин Д, од просечните се кај лица кои имале хируршки зафат, поголеми телесни повреди, или изгиреници. Зголемен стрес и хронични исцрпувачки болести, исто така бараат повисоки дози на витамин Д.