• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Dr. Núria Malats: Селенот можеби може да го превенира ракот на мочниот меур

Според резулатите од студијата, која била објавена во септемвриското издание на часописот Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention, селенот го намалува ризикот за рак на мочен меур.

„Пониско ниво на селен во организмот, повисок ризик за развој на рак на мочен меур“, изјавила Dr. Núria Malats, лидерка на Genetic and Molecular Epidemiology Group, Human Cancer Genetics Program од Spanish National Cancer Research Center.

Селенот е есенцијален микронутритиент кој е инкорпориран во околу 25 протеини наречени селенпротеини. Повеќето од овие селенпротеини се ензими со антиоксидативни својства кои ги штитат клетите од оштетување, кое го предизвикуваат продуктите на метаболизом.

Селенот е минерал во трагови кој се појавува нормално во почвата и е апсорбиран од страна на растенијата, од каде што влегува во хуманиот ланец на исхрана-директно или преку конзумирање на месо од копнените животни.

Селенот е вклучен во составот на различни протеини во телото, со најразлична улога, од изградба на срцевиот мускул до здрава семена течност.

Користејќи ги податоците од седум претходно објавени студии, Dr. Núria Malats и нејзините колеги спровеле мета-анализа за да ги оценат нивоата на селенот во серумот и ноктите и ризикот од развој на рак на мочниот меур.Во студијата биле вклучени лица претежно од САД, но исто така и од Белгија, Финска и Холандија.

Истражувачите забележиле значителен заштитен ефект на селенот, главно кај жените.

„Иако нашите резултати покажуваат благотворно влијание на високите концентрации на селенот во намалувањето на ризикот од развој на рак на мочен меур, потребни се повеќе дополнителни студии за да се потврдат овие наоди, пред да може да се препорачуваат високи дози на селен како превенција на ракот на мочниот меур“, изјавила Dr. Núria Malats.

 

Најчитани наслови