• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Пушачите и непушачите имаат различни видови на рак на бели дробови

Туморите на напушачите имаат повеќе генетски промени.

Пушачите ќе заболат од различен вид на рак на белите дробови од луѓето кои ја немаат оваа лоша и нездрава навика, тврдат канадските научници.

Сè поголем број научни податоци укажуваат на изненадувачка разлика во туморите кај пациентите кои пушат и оние кои никогаш не пушеле. Кога станува збор за непушачите, оваа малигна болест е почеста кај жените, особено кај Азијатките. Но, кога зборуваме за лицата кои се зависни од цигарите, се чини дека тие имаат различна врста на мутации на ракот на белите дробови.

Канадските научници од „Истражувачкиот центар за рак“ во Ванкувер тврдат дека на непушачите им треба многу повеќе време за да развијат рак на белите дробови за разлика од пушачите.

Научниците ги анализирале генетските карактеристики на ракот на белите дробови кај 30 пациенти кои никогаш не пушеле, кај 14 бивши пушачи и кај 39 активни пушачи.

Туморите на белите дробови кај непушачите имале генетски промени кои биле различни од оние кај пушачите. Туморите на непушачите, исто така, имале повеќе генетски мутации отколку туморите на пушачите. Научниците, токму поради ова, тврдат дека ракот на белите дробови кај лицата кои никогаш не пушеле би требало одделно да се проучува.

Интересно е дека туморите на ракот на белите дробови кај лицата кои престанале да пушат повеќе наликувале на туморите на непушачите отколку на пушачите.

Студијата била презентирана на неодамна одржаната конференција на Американското здружение за истражување на ракот во Филаделфија.

 

Најчитани наслови