• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
E. Coli поврзана со бубрежни проблеми, кардиоваскуларни заболувања и висок крвен притисок

Луѓето заразени со бактеријата E. Coli имаат поголем ризик за развој на срцеви заболувања, хипертензија и проблеми со бубрезите, тврдат канадските истражувачи.

Професорот по нефрологија во „Victoria Hospital“ во Онтарио, Dr. William F. Clark, и неговиот истражувачки тим спровеле студија со цел да го оценат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, проблемите со бубрезите и хипертензијата, осум години по заразувањето со Е. Coli како резултат од консумирање на загадена вода.

Биле собрани податоците од Walkerton Health студијата, која го оценувала долгорочното здравје на 1977 лица кои развиле гастроентеритис поради заразен воден систем во мај 2000 година. Водата била загадена со E. coli 0157, поради што 1067 испитаници добиле акутен гастроентеритис, а 378 побарале лекарска помош.

Истражувачите откриле дека испитаниците кои развиле симптоми на гастроентеритис имаат 1,3 пати поголем ризик за развој на хипертензија, во споредба со испитаниците кои не се заразени. Ризикот од оштетување на бубрезите бил поголем за 3.4. пати, а ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања бил поголем за 2 1 пати.

Истражувачите велат дека оваа студија ја нагласува важноста на чистата вода и храна, како и важноста на контролирањето на лицата заразени со E. coli.

Истражувањето било објавено во научниот часопис „British Medical Journal“.

 

Најчитани наслови