• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Консумирањето различни видови на овошје и зеленчук го намалува ризикот за рак на бели дробови

Според истражувањето објавено во научниот часопис „Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention“, кога станува збор за ракот на белите дробови, освен количината, битна е и разновидноста во консумацијата на овошјето и зеленчукот, бидејќи токму таа навика може да резултира со намалување на ризикот од развој на оваа малигна болест за 23%.

Една од мерките на превенција на ракот, која експертите постојано ја истакнуваат, е дневното консумирање на 5 порции овошје и зеленчук. Во студијата - European Prospective Investigation into Cancer and Nutrition (EPIC) учествувале 10 европски земји: Германија, Данска, Шпанија, Франција, Грција; Холандија, Италија, Норвешка, Шведска и Велика Британија. Студијата вклучила дури 500 000 испитаници.

Резултатите од студијата покажале дека поголемата разновидност во консумирањето на овошје и зеленчук го намалува ризикот од рак на бели дробови, а тој ризик дополнително се намалува за 9% со додавање на уште две порции на овошје и зеленчук дневно.

Сепак, како што истакнуваат авторите на студијата, ова опишано позитивно делување на консумирањето на разновидно овошје и зеленчук, било забележено само кај пушачите.

 

Најчитани наслови