• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Уморни сте и послабо памтите? Проверете го нивото на витаминот Б3! Печати

Од недостаток на витамин Б3 (никотинска киселина, ниацин) често патат лицата кои живеат во сиромашни услови и ретко консумираат месо и риба, како и вегетаријанците и веганите. Вегетаријанците и веганите треба да особено да посветат внимание на недостатокот на нијацинот и да внесуваат повеќе храна богата со овој витамин, за да го надминат заморот и подобрат здравјето.

Никотинска киселина (витамин Б3 или ниацин) спаѓа во витамините од групата Б. За разлика од своите „роднини“ од Б-комплексот, витаминот Б3 се јавува во две форми: како никотинска киселина (ниацин) и како нејзина сол, т.н.никотинамид. И двете форми се активни, но на различен начин.

Витаминот Б3 учествува во процесот на ослободувањето на енергијата од јагленохидратите и во претварањето на јагленохидратите во масти.

Витаминот Б3 е витамин кој нашето тело го користи за да ги претвори сложените јагленохидрати во шеќер – гликоза. Овој витамин помага и во претварањето на мастите и протеините во енергија.

Со оглед на тоа што витаминот Б3 е важен во процесот на создавање на енергија во нашиот организам, најизразен симптом на неговиот недостаток е чувството на замор и мускулна слабост.

Исто така, нијацинот го овозможува функционирањето на клетките на мозокот со енергијата која ја создава, а при негов недостаток доаѓа и до симптоми поврзани со ослабеното ментално фукционирање: губиток на памтењето, намалена концентрација, раздразливост и чести промени на расположението. Често лицата со недостаток на витамин Б3 имаат намален аптетит, што може дополнително да ја влоши состојбата.

Други симптоми на недостаток на витаминот Б3 се и лошиот изглед на кожата, оток и воспаление на гингивите, јазикот и носните шуплини. Лицата кои недоволно го внесуваат овој витамин често патат од дерматит, а изразениот недостаток на витаминот Б3 може да доведе до болест наречена пелагра. Денес пелаграта е многу ретка болест на Запад, но честа е таму каде што пченката е доминантна храна, бидејќи таа е сиромашна со амино киселината триптофан, неопходна за создавањето на ниацинот во организмот. Пелаграта се крактеризира со сериозен губиток на телесната тежина, дерматит, пролив, депресија, сенилност, бел јазик.

Каде го има витаминот Б3?

Најдобри извори на витамин Б3 се: пивскиот квасец, кикириките, рибата и месото. Витаминот Б3 го нема како посебен суплемент, туку се наоѓа во состав на мултивитаминските препарати.

Дали витаминот Б3 е токсичен во големи количини?

Бидејќи витаминот Б3 редовно се додава во брашното практично не е можен негов дефицит при нормална исхрана. Неговиот RDA (препорчан дневен внес) изнесува 18 mg, а максималната сигурносна граница (upper safe level) е 450 mg дневно. Во мултивитаминските препарати го има од 10 до 20 mg.

Никотинамидот е по правило безопасен, но кога се консумира чиста никотинска киселина во поголеми количини (50 - 100 mg дневно), таа може да предизвика црвенило на лицето (flushing), што е само минлива појава која не остава последици. Во дози преку 1 000 mg дневно може да предизвика главоболка, болки во желудникот и други пореметувања.