• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Биомаркер за предвидување на метастазирањето на ракот на црниот дроб

Пациентите со рак обично умираат како последица на метастазирањето на туморот.

Идентификувањето на биомаркерите за туморските метастази би било од огромна клиничка корист. Во тој контекст, тимот на научници, на чело со Dr. Peng Loh од Универзитетот во Хонг Конг, Кина, откриле можен маркер за предвидување на идните метастази кај пациентите со примарен рак на црниот дроб (хепатоцелуларен карцином), најчестата форма на рак на црниот дроб.

Тимот на истражувачи утврдил дека квантификацијата на mRNA за скратената верзија на протеинот карбоксипептидаза Е (CPE) во примероците земени од пациентите со примарен рак на црн дроб може да ги предвиди интрахепаталните метастази и тоа со висока сензитивност и специфичност. Поради тоа, научниците сугерираат дека овој протеин може да биде важен биомаркер за предвидување на идните метастази кај пациентите со примарен рак на црн дроб, а со тоа да биде и од голема корист за лекарите, помагајќи им во донесувањето на одлуката за терапијата.

 

Најчитани наслови