• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Поголем ризик за смрт од рак на тестис кај постарите пациенти

Мажите, на кои ракот на тестисот им е дијагностициран по 40-тата година од животот, имаат двојно поголем ризик за смрт во однос на помладите пациенти, покажале резултатите од најновото истражување.

Американските и норвешките научници, кои го спровеле истражувањето, докажале дека на забележената стапка на ризик не влијаеле факторите како иницијалниот третман или стадиумот во кој била откриена болеста.

Резултатите од истражувањето покажале дека ризикот за смрт бил помал кај сите пациенти кај кои ракот на тестисот бил дијагностициран по 1987-та година, што е можно да се објасни со примената на новиот тип на хемотерапија.

Резултатите од ова истражување биле објавени во научниот часопис „Journal of Clinical Oncology“.

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај младата машка популација, на возраст од 20 до 35 години. Сепак, ракот на тестисот може да се јави било кога после 15-та година од животот. Честотата на ракот на тестисот, во последниве 20 години, драматично се зголеми. Причините за порастот на инциденцата не се познати.

 

Најчитани наслови