• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Мал ризик за развој на контралатерален рак на тестис

Иако, ризикот од појава на секундарен метахрон (неметастатски) карцином на тестис е поголем по дијагностицирањето на првиот карцином, вкупниот ризик е низок, а преживувањето е високо, што потврдува дека биопсијата на контралатералниот (другиот) тестис не треба да се прави рутински кај сите пациенти.

Dr. Sophie D. Fossa и нејзините соработници од норвешката болница „Radium Hospital“ во Осло ги анализирале податоците од базата на податоци на Националниот институт за рак. Во студијата биле вклучени податоците од 28,045 мажи со унилатерален рак на тестис т.е. со рак на еден тестис, дијагностицирани во периодот помеѓу 1973. и 2001. година.

Метахрон контралатераен карцином подоцна бил дијагностициран кај 287 испитаници. Анализата покажала дека 15-годишниот ризик за развој на метахрон контралатерален рак на тестис изнесува 1.9%. Тоа е 15.4 пати поголем ризик од оној во општата популација. Ризикот бил поголем кај мажите кои во моментот на дијагзата на првиот карцином имале помалку од 30 години (3.1% наспроти 1.2% меѓу мажите постари од 30 години). Исто така, било откриено дека ризикот се намалува со времето. На пример, ризикот во првите четири години по поставувањето на иницијалната дијагноза е 13.8 пати поголем отколку кај општата популација, додека тој ризик после 15 години е само 3 пати поголем. Стапката на 10-годишното преживување, по поставувањето на дијагнозата за контралатерален метахрон рак на тестисот, изнесува 93%, што покажува деја преживувањето не е многу различно од она без метахрон карцином.

Исто така, истражувањето покажало дека преживувањето на пациентите со метахрон (неметастатски) карцином е поголемо од она кое го имаат пациентите со синхрон (истовремен) контралатерален карцином на тестисот (85%).

Авторите на истражувањето ги советуваат на клиничарите да ги поттикнат своите пациенти со унилатерален рак на тестис, особено оние кои не примале хемотерапија, да прават редовни самопрегледи на здравиот тестис и да одат на редовни ултразвучни прегледи.

 

Најчитани наслови