• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Отстранувањето на лимфните жлезди во пазувата не е неопходно за сите пациентки со рак на дојка

Кај некои жени со ран стадиум на рак на дојка и позитивни лимфни јазли, сентинелната лимфонодална дисекција (SLND) нема да резултира со помало преживување во споредба со аксиларната дисекција на лимфните јазли (ALND). Ова го докажале авторите на голема клиничка студија од „American College of Surgeons Oncology Group“.

Жените на кои им е дијагностициран ран стадиум на рак на дојка најчесто минуваат низ болна постапка на отстранување на лимфните јазли во пазувата. Но, новата студија покажува дека тоа не е неоходно.

Хирурзите веќе со децении ги отстрануваат лимните јазли, сметајќи дека на тој начин ќе го продолжат животот на жените со рак на дојка, спречувајќи го ширењето на ракот или неговото повторно јавување.

Во САД годишно се дијагностицираат околу 40.000 жени со ран стадиум на рак на дојка. Постапката на отстранување на лимфните јазли може да предизвика компликации како инфекција и лимфедем, хроничен оток на раката.

Новите откритија се дел од трендот за намалување на радикалните операции на ракот на дојката. Стапките на мастектомијата (отстранување на целата дојка) почнале да опаѓаат во 1980-тите години, откако студиите откриле дека за многу пациентки стапките на преживување после лумпектомија (отстранување на туморот и дел од околното здраво ткиво) и зрачење се подеднакво добри како и оние после мастектомијата.

Dr Armando E. Giuliano, водачот на оваа студија и шеф на хируршката онкологија на „John Wayne Cancer Institute“ во Калифорнија изјавил:

„Ова не би требало да биде големо изненадување, но е. Тешко е за нас хирурзите да прифатиме дека не мораме да ги отстрануваме лимфните јазли од пазувата. Ниските стапки на локорегионален рецидив после 5 години и скоро идентичното преживување без болест меѓу испитуваните групи во ова истражување сугерираат дека е малку веројатно да се појават разлики во преживувањето помеѓу испитуваните групи после подолги периоди на следење“.

 

Најчитани наслови