• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Kомпирот содржи околу 60 различни фитосоединенија Печати

Компирот содржи околу 60 различни фитосоединенија и многу важни минерали (калциум, фосфор, бакар, цинк и железо) и витамини (Б1, Б2 и Б9).

Компирот е богат и со витамин Ц, кој значително ја подобрува апсорпцијата на железото. Витаминот Ц е многу важен витамин за кожата. Тој е клучен за производство на колаген, кој е потребен за здрава и убава кожа. Ги намалува лузните и брчките на кожата, помага во одстранувањето на темните дамки на кожата и го враќа природниот сјај на кожата.

Компирот содржи јаглехидрати, особено скроб, белковини и мала количина на масти. Најголем дел од белковините и витаминот Ц се наоѓаат веднаш под кората.

Според најновото истражување компирот содржи многу важни биолошки активни протеини. Овие протеини го штитат организмот од болести и предвремено стареење, а покрај тоа имаат способност и да го намалат високиот крвен притисок.

Една врста на благ компир со виолетова боја би можела да има антиканцерогени својства, покажале резултатите од истражувањето на група научници од Универзитетот во Канзас (САД).

Научничката Soyoung Lim, која го водела истражувањето, смета дека оваа врста на благ компир, во својата виолетова кора, содржи голема количина на антоцијан - антиоксиданс, кој ја дава виолетовата боја на компирот, а кој може да биде ефикасен против ракот.