• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Матичњак – лековит зачин за подобро варење на храната

Матичњак е билка која расте во градините, каде се одгледува како култура, но може да се најде и како самоникната, недалеку од населените места, покрај огради.

Матичњакот има многу пријатен мирис и вкус, па затоа често се користи како додаток на многу јадења за подобрување на нивниот вкус, но и за подобро варење на храната. Бидејќи ја намалува подуеноста и грчевите во цревата, често се додава во разни сосови.

Матичњакот, како зачин, може да се користи свеж или сушен. Бидејќи по својот вкус и мирис потсетува на лимон, тој може да се става во сите јадења наместо лимон. Тој е одличен додаток на супите, маринатите, сосовите. Често се додава на јадењата од зеленчук, на јадењата од печурки, како и на некои видови на риба.

 

Прочитајте и: