• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сусамово масло - храна и природен лек

Сусамовото масло се добива од семките на сусамот (Sesamum indicum). Тоа содржи бројни антиоксиданси и други здрави и лековити состојки.

Маслото од сусам е многу богато со линолеинска киселина, есенцијална масна киселина, која нашето тело неможе само да ја произведе. Есенцијалните масни киселини се неопходни за нормален раст и развој на организмот, како и за одржување на здравјето на кожата, кардиоваскуларниот и нервниот систем. Најновите истражувања покажале дека есенцијалните масни киселини играат важна улога во регулирањето на крвниот притисок, нивото на холестеролот и размената на материите низ клеточната мембрана.

Есенцијалните масни киселини учествуваат во претварањето на храната во животна енергија. Недостатокот на линолеинска киселина се манифестира со губиток на косата, проблеми со кожата, нагли промени на расположението, состојби слични на артритот, склоност кон инфекции, бавно зараснување на раните, а во најтешки случаи може да доведе до заболувања на срцето, црниот дроб и бубрезите.

Маслото од сусам е богато и со олеинска киселина, една од главните состојки на маслиновото масло и на другите нерафинирани масла. Олеинската киселина, исто така, позитивно делува на кардиоваскуларниот систем.

Нерафинираното масло од сусам содржи антиоксиданс – сезамол, кој го штити од расипување. Антиоксидансите се познати по тоа што му помагаат на телото да се ослободи од слободните радикали, кои можат сериозно да го нарушат здравјето и да предизвикаат дегенеративни промени во организмот. Истражувањето спроведено во Јапонија покажало дека токму антиоксидансот – сезамол значително ги намалува оштетувањата на ДНК, предизвикани од слободните радикали. Исто така, нивото на интерлеукинот, важна сотојка на крвта, задолжена за борба против разните болести, била значително повисока кај испитаниците кои биле на диета богата со масло од сусам.

Сезамолот се користи и во индустријата за месо за зачувување на бојата и вкусот на месните производи.

Маслото од сусам го намалува крвниот притисок

Маслото од сусам позитивно делува на високиот крвен притисок и на нивото на натриумот во организмот.

Истражувачите од Индија спровеле студија во која го испитувале ефектот на сусамовото масло врз високиот крвен притисок. Во студијата биле вклучени доброволци со висок крвен притисок, кои во тек на 45 дена консумирале масло од сусам. По 45 дена, резултатите од студијата покажале значително намалување на притисокот кај испитаниците, но и губиток на неколку килограми. Ефектите биле, за жал, привремени. По престанокот на консумирањето на сусамовото масло, крвниот притисок повторно се покачил. Затоа е потребно сусамовото масло да се вклучи во секојденвната исхрана.

Ако пиете лекови за висок притисок, секако, пред да започнете со консумирањето на сусамовото масло посоветувајте се со вашиот лекар.

Маслото од сусам го намалува шеќерот во крвта

Маслото од сусам го намалува нивото на шеќерот во крвта. Тоа го потврдиле многу истражувања. Едно од тие истражувања ги испитувало ефектите на сусамовото масло на две групи на стаорци. Првата група на стаорци добивала масло од сусам, а втората не. Резултатите од студијата покажале дека кај првата група на испитаници се намалила концентрацијата на шеќерот во крвта, а се зголемил и процентот на антиоксиданси во крвта.

Маслото од сусам благотворно делува на кожата

Маслото од сусам ја храни кожата од внатре, бидејќи го поттикнува делувањето на витаминот Е и другите антиоксиданси. Маслото може да се користи и надворешно, при што ги намалува воспаленијата на кожата, болките во зголобовите, а делува и атиканцерогено. Маслото ја прави кожата мека, еластична и поздрава.

Маслото од сусам нанесете го на кожата, причекајте 15 минути, а потоа истуширајте се. За тоа време маслото ќе се впие во кожата и ќе го исчисти телото, а топлата вода дополнително ќе ја подобри апсорпцијата.

Кога маслото од сусам се применува надворешно, на пример во масажа, тоа го забавува растот и развојот на ракот на кожата.

 

Прочитајте и: