• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Искуството на Prof. Stephen Jay Gould Печати

Prof. Stephen Jay Gould бил професор по зоологија, специјалист за теоријата на еволуцијата на Универзитетот Харвард, популарно наречен „втор Дарвин“.

Prof. Gould открил во 1982 година, на возраст од 40 години дека има мезотелиом на перитонеумот (абдоминална обвивка), инаку многу редок и тежок вид на рак, за чие настанување се смета дека е одговорно прекумерното изложување на азбест.

По операцијата, Prof. Gould читајќи научни часописи дознал дека боледува од многу комплициран, неизлечив рак на абдоменот, со просечно време на преживување од 8 месеци по поставувањето на дијагнозата. Го фатила паника, но за кратко. Како научник добро знаел дека во природата просечната вредност е апстракција, „закон“ кој човекот настојува да му го наметне на различното мноштво на поединечни случаи.

Опашката на кривата

Prof. Gould како биолог целиот свој живот ја изучувал кривата на животот. Сакал да дознае каде се наоѓа тој во распонот на варијациите околу просечната вредност. Ако просечното време на преживувањето изнесувало 8 месеци, тоа значело дека половина од лицата со мезотелиом живеат пократко, но дека онаа друга половина од болните живеела подолго од 8 месеци.

Што морал и требал тој да направи? Бил млад, еден од највлијателните научници на својата генерација. Тој ниту пушел, ниту пиел алкохол, бил здрав, и ако за момент се занемари ракот, можел да очекува најдобро можно лекување и да верува дека се наоѓа во преспективната половина на болните.

Кривата на преживување на ракот може да има долг опаш, односно, со промена на стилот на живеење може со оваа болест долго да се живее.

Истражувајќи ја проблематиката, дошол до „кривата на преживување“ со асиметричен облик: на левата страна се наоѓале половината случаи од 0 до 8 месеци преживување, а десната половина на кривата се ширела над 8 месеци и имала долга опашка, која во некои случаи била многу долга.

Тогаш, во часописите почнал по потрага за потполна крива на преживување со мезотелиом. Забележал дека кај една крива, исто така, со просечно преживување од 8 месеци, опашката на дистрибуцијата, како што се вика тоа во статистиката, се протега на неколку години, што значи дека некои луѓе, и покрај просечното време на преживување од 8 месеци, со оваа болест живеат неколку години. Prof. Gould одлучил и самиот да се најде меѓу нив.

Информација, а не пресуда

Prof. Gould живеел 30 пати подолго од прогнозата која му ја поставиле онколозите, т.е. цели 20 години повеќе, за кое време постигнал извонредна научна кариера, а умрел од болест која не била во врска со ракот.

Поуката која ни ја дава големиот биолог Prof. Gould е: „Статистичките податоци се информација, а не пресуда. Кога имате рак и сакате да се борите против смртта, целта е да, по секоја цена, се најдете во „долгата опашка на кривата линија“.