• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто настануваат жолчните камчиња? Печати

Не е познато поради што настануваат жолчните камења. Лекарите веруваат дека жолчните камчиња настануваат кога:

  • Жолчката содржи премногу холестерол - обично жолчката содржи доволно хемиски содининеја за да се разгради холестеролот кој го излачува црниот дроб. Меѓутоа, ако жолчката содржи повеќе холестерол отколку што може да го разгради, холестеролот се претвора во кристали и на крајот во камења. Холестерол во жолчката не е поврзан со нивото на холестеролот во крвта.
  • Жолчката содржи премногу билирубин - билирубинот е хемиско соединение кое настанува кога телото ги разградува црвените крвни зрнца. Во некои состојби, како на пример: цирозата на црниот дроб, инфекциите на жолчните патишта и некои хематолошки пореметувања, црниот дроб може да произведува премногу билирубин.
  • Жолчно кесе не се празни правилно - Ако жолчното кесе целосно не се испразнува или не се празни доволно често, жолчката може да стане многу концентрирана, а тоа придонесува за стварање на жолчни камења.

Жолчните каменчињата може да бидат причина за рак на жолната кеса. Ризикот за малигна дегенерација е во корелација со времето на присуството на каменот во жолчната кеса.