• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Кои се симптомите на ракот на жолчната кеса? Печати

Ракот на жолчната кеса, во неговата почетна, фаза обично не дава симптоми и знаци на болеста т.е. е асимптоматски. Може почетните симптоми и знаци на болеста да бидат неодредени, некарактеристични. На пример, болеста може да започне со болки во пределот на црниот дроб, а не со болки во пределот на жолчната кеса.

Симптоми на ова малигно заболување може да бидат: болки, кои понекогаш се пропратени со лесно покачена температура, намален апетит, слабеење итн. Поради оваа неодреденост на симптомите, често пати пациентите се сомневаат дека се работи за воспалените на жолчната кеса и не бараат на време лекарска помош. Поради тоа, често ракот на жолчната кеса се открива во понареднатите стадиуми.

Како што ракот расте и се шири во околните ткива и органи, така се јавуваат се повеќе симптоми и знаци, кои укажуваат на веќе понапреднат стадиум на болеста.

Доколку имате некои од овие доленаведени симптоми и знаци, кои подолго време траат и со тек на време се влошуваат, отидете на лекарски преглед.

Знаци и симптоми на ракот на жолчната кеса:

  • болка во абдоминалната празнина, особено во горниот десен агол на абдоминалната празнина,
  • подуеност,
  • чешање,
  • треска,
  • губење на апетит,
  • нагло ненамерно губење на тежината,
  • гадење,
  • пожолтување на кожата и на белките на очите (жолтица).