• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Што „лечи“ сувото грозје?

Од одредени врсти на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите.

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје помага во ублажувањето на голем број на тегоби.

Сувото грозје поволно делува на срцето и мозокот

Сувото грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул и штити од срцев удар.

Сувото грозје превентивно делува против ракот

Некои истражувања покажале дека резерватолот, кој го има во сувото грозје, помага во спречувањето на малигните заболувања, па дури може и да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.

Сувото грозје ги одржува здрави забите

Иако за намирниците кои се благи и лепливи, како што е и сувото грозје, се сметало дека предизвикуваат расипување на забите, новите истражувања го потврдиле спротивното. Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина.

Сувото грозје е извор на енергија и помага при губиток на килограмите

Сувото грозје се препорачува како ужина меѓу главните оброци, бидејќи брзо не заситува. Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ни помогне полесно да го издржиме физичкиот и металниот напор. Една шака суво грозје ќе не засити и нема да чувствуваме глад.

Сувото грозје ја подобрува работата на цревата

Сувото грозје се покажало како идеален лек за проблемите со органите на варење. Ја подобрува работата на цревата и го забрзува нивното празнење, па е природен лек против запекот и сличните болести, кои го зафаќаат системот за варење.

Сувото грозје помага при напнатост и нервоза

Истражувањата покажале дека сувото грозје може да ни помогне да ја намалиме напнатоста и нервозата. Еве неколку совети како по природен пат да ја намалиме нервозата и да го подобриме расположението.

Нервозата ќе ја решите со помош на едноставен рецепт за поздрав појадок. Помешајте околу 50 грама интегрални снегулки, изрендано јаболко, лажичка суво грозје, ситно сецкани ореви. На смесата додадете и една лажица мед. Оваа смеса помашајте ја со јогур и ќе добиете идеален утрински оброк.

Сварете три суви смокви и една шака суво грозје во 2.5 децилитри црно вино. Сместа варете ја се додека не стане густ сируп. Оставете го напитокот да се олади и земајте го во текот на денот по една лажичка, кога и да се сетите.

Сувото грозје има антивирусно дејство

Истражувањата покажале дека состојките во сувото грозје имаат и антивирусно дејство. Тие го зајакнуваат природниот имунитет на организмот и му овозмозуваат поефикасно да се бори против вирусите и другите микроорганизми.

Сувото грозје се покажало особено ефикасно при инфексии со полиовирусот и херпес симплекс вирусот.

 

Прочитајте и: