• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како да го намалиме ризикот за настанување на жолчни каменчиња? Печати

Каменот во жолчната кеса е доста често заболување. Најчесто се јавува кај лицата помеѓу 30 и 60 годишна возраст, но може да се јави и кај помлади, па дури и кај деца. Почесто заболуваат жените во однос на мажите (4:1).

Одреден број на луѓе имаат латентен камен во жолчната каеса. Тоа значи дека тие немат никакви симптоми, немаат напади на болка и го носат каменот целиот свој живот.

Од оваа болест посебно често заболуваат дебелите лица. Постои и фамилијарна склоност према оваа болест. Исто така, каменот во жолчката се јавува и кај лица кои боледуваат од атеросклероза или висок крвен притисок, од шеќерна болест или од некое друго заболување поврзано со пореметената размена на материите. Не е редок случај болниот да има истовремено и камен во бубрегот.

Ризикот за настанување на жолчните каменчиња можеме да го намалиме ако се придржуваме на следниве препораки:

  • Не ги прескокнувајте оброците - настојувајте да ги јадете вашите оброци во исто време секој ден. Прескокнувањето на оброкот или постот го зголемуваат ризикот за настанување на жолчните каменчиња.
  • Практикувајте секојдневна физичка активност - Ако не сте физички активни, имате поголем ризик за настанување на жолчни каменчиња. Затоа, бидете секој ден физички активни. Со физичката активност започнете постепено, додека не постигнете 30 минутна физичка активност дневно.
  • Полека намалувајте ги килограмите - Ако треба да ослабите, направете го тоа постепено. Брзото губење на тежината може да го зголеми ризикот од жолчни камења. Обидете се да губите само половина до еден килограм неделно.
  • Одржувајте здрава телесна тежина - Дебелината и прекумерната тежина го зголемуваат ризикот од жолчни камења. Обидете се да ја постигнете оптималната тежина така што ќе го намалите внесот на калории, а ќе ја зголемите физичката активност. Кога ќе ја постигнете здравата тежина, одржувајте ја со здрава исхрана и физичка активност.