• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што се бубрежни каменчиња? Печати

Бубрежни каменчиња или нефролитијаза е патолошки процес на создавање на каменчиња во собирните каналчиња и чашките или пиелонот на бубрегот. Честотата на нефролитијазата во популацијата е 1%. Најчести се калциумовите, струвитните и уричните каменчиња, а ретки се цистинските бубрежни каменчиња.

Бубрежните камења обично се формираат кога мочката е многу концентрирана. Тоа предизвикува минералите и другите супстанци во мочката да формираат кристали на внатрешната површина на бубрезите. Со тек на време овие кристали можат да се спојат меѓу себе и да формираат мали, тврди маси, односно камења.

Сите бубрежни камења не предизвикуваат симптоми. Каменчињата во бубрежната карлица може да бидат асимптоматски, но може и да предизвикаат хематурија (крв во мочката) и опструкција на било кое место на уринарните патишта.

Главен симптом на нефролитијазаата е јаката грчевита болка, која започнува во слабинскиот дел поради контракцијата на мазната мускулатура на уретерот и се шири према препоната. Болката може да биде пропратена со мачнина, гадење, повраќање и знаци на инфекција.

Околу 5 до 7% од жените во менопауза патат од бубрежни каменчиња. Жените од бела раса се со поголем ризик за развој на бубрежни каменчиња во однос на жените од други раси.

Многу често се откриваат како случаен наод при рентгенски преглед за некоја друга состојба, или при откривање на крв во мочката. Болката станува интензивна само кога бубрежниот камен се придвижува низ бубрезите кон мочниот меур преку уретрата.

Лицата кои имаат бубрежни каменчиња со тек на време имаат поголеми оштетувања на бубрезите отколку лицата кои немаат бубрежни каменчиња.

Сепак, бубрежните каменчиња обично не предизвикуваат тешки трајни оштетувања. Освен лекови за ублажување на болката и многу течности, друго лекување обично не е потребно, бидејќи поголемиот број од бубрежните каменчиња спонтано се исфрлаат со мочката.

Но, лекувањето може да помогне за да се превенира повторното создавање на бубрежните каменчиња кај лицата кои се склони кон тоа.

Ризикот за настанување на бубрежните каменчиња се намалува со пиење на големи количини на течности, додека пак консумирањето на големи количини на сол или протеини може да го зголеми ризикот од развој на бубрежни каменчиња.