• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како се поставува дијагноза на бубрежни каменчиња? Печати

Иако дијгнозата на камен во бубрегот е многу често случаен наод, сепак бубрежните каменчиња најчесто се дијагностицираат при напад на бубрежна колика, хронична уринарна инфекција или појава на крв во урината (хематурија).

Кога постои сомневање за постоење на бубрежен камен се прават низа дијагностички постапки, со кои се поставува точната дијагноза. Постојат првични дијагностички постапки, после кои, доколку е потребно, следат дополнителните дијагностички постапки.

Во првични дијагностички постапки спаѓаат анамнезата, физикалниот наод и лабораториските испитувања на крвта.

Анамнеата и физикалниот преглед се многу битни за поставување на првичната, клиничка дијагноза. Пациентот дава податоци за своите тегоби. Најчести тегоби при постоење на бубрежни каменчиња се напади на интензивна болка, која е локализирана во слабината и која се шири према препоната. Болките се во вид на колики (напади) и често се пропратени со мачнина, гадење, повраќање, треска и други знаци на инфекција. Често при нападите на бубрежната колика постои и хематурија (крв во урината). Пациентот е малаксан, блед и исплашен.

Покрај типичната клиничка слика, која се утврдува со физикалниот преглед, се прават лабораториски анализи на крвта и урината.

Анализа на крвта – Со испитувањето на крвта може да се открие преголема концентрација на калциум или урична киселина. Крвните тестови му овозможувааат на лекарот да ги провери останатите медицински состојби и да ја оцени функцијата на бубрезите.

Анализа на урината - тестовите на урината, како што е собирање на урината во тек на 24 часа (24 часовна диуреза), можат да покажат прекумерно излачување на материи од кои настануваат каменчињата или помало излачување на материи, кои го спречуваат стварањето на бубрежните каменчиња. Иста така се испитува и присутвото на микроскопска (невидлива) крв во урината.

Други дијагностички постапки за откивање на бубрежние каменчиња се:

Ехотомографски преглед - Ова е многу често користена метода, со која може многу брзо да се утврди постоењето на камен, но можат да се „промашат“ малите каменчиња, ако се тие сместени во уретрата.

Интравенска пиелографија (екскреторен урограм). Овој преглед е корисен за одредување на локацијата на каменот, особено доколку каменот е заглавен во уретрите. Со оваа метода може да се процени и степенот на блокада на протокот на урина предизвикана од каменот.

Интравенска пиелографија се изведува така што прво се вбризгува контраст во вената и потоа се прави серија на рентген снимања на бубрегот, уретрите и мочниот меур. Оваа метода во голема мера е заменета со компјутерска томографија, но сеуште е многу корисна во одредени ситуации.

Компјутерска томографија – Ова дијагностичка постапка денес стана стандарден преглед за бубрежните каменчиња. Методата е безболна и брзо се изведува.

Компјутерска томографија може да ги прикаже каменчињата, без разлика на нивниот состав, и не бара употреба на контраст.

Рендгенграфија на абдоменот - Денес поретко се прави рендгенграфија на стомакот. Сепак со неа можат да се видат најголем број од камењата и може да се процени големината каменот и да се следи големината на каменот со тек на време.