• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е тестостерон и која е неговата функција во организмот? Печати

Тестостеронот е најважен машки полов хормон, одговорен за развојот на момчињата во мажи во текот на пубертетот и неопходен хормон за одржување на здравјето и нормалната функција на организмот во текот на целиот живот. Тестостеронот ги дава надворешните машки карактеристики (подлабок глас, растење на брада и појава на влакна во пазувите и пубичната регија, зголемување на мускулната маса и забразан раст и развој).

Тестостеронот го произведуваат тестисите (дури 95% од вкупниот тестостерон во организмот). Тестостеронот од тестисите оди во крвта, а преку крвта во целните органи.

На што делува тестостеронот?

Иако тестостеронот е полов хормон и влијае на сексуалноста, тоа не е и негова единствена функција. Тестостеронот има и многу други функции кои се важни за одржување на здравјето и добросостојбата.

  • Глас – тестостеронот е одговорен за промената на гласот и длабокиот глас кај мажите.
  • Кожа и влакна – тестостеронот е одговорен за типичниот распоред на влакната кај мажите, распоредени по целото тело, како и за нивното одржување. Овој хормон е одговорен и за растот на брадата.
  • Коски – тестостеронот е многу важен за изградбата и одржувањето на здравјето на коксените структури.
  • Крв – тестостеронот помага при произведувањето на црвените крвни зрнца, а со тоа и во пренесувањето на кислородот до сите клетки.
  • Мускули – тестостеронот е важен за формирањето на мускулите. Тој ги одржува мускулите јаки.
  • Мозок – тестостеронот е важен за одржување на менталната рамнотежа и за спречување на негативното расположение. Тестостеронот е одговорен и за способноста на помнењето, ориентацијата, координацијата и концентрацијата.
  • Сексуалност и плодност – тестостеронот го регулира сексуалниот нагон и е важен за голем број сексуални функции. Тој ја одржува плодноста на мажите.
  • Телесна градба – тестостеронот е одговорен за телесната градба (фигура) на мажот.
Заклучок:

Тестостеронот е од суштинско значење за физичкото, менталното и сексуалното функционирање на мажите. Тестостеронот всушност мажот го прави маж.