• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Здрави варива во исхраната на децата

Кога се варивата во прашање се истакнува оптималноста на нутритивни компоненти и умерената калориска вредност во еден оброк.

За децата кои се ориентирани на претерано внесување на слатки јадења, грицки и брза храна, а не внесуваат зеленчук, се препорачува консумирање на варива најмалку три пати неделно.

По својата дефиниција варивата се вбројуваат во самостојни јадења, т.е можат да претставуваат оброк во целост. Но можно е и да се креирани како дел од сложен оброк.

Во зависност од состојките кои се користат за припрема, варивата ги делиме на:

  • варива од зеленчук,
  • варива со месо,
  • варива со јајца,
  • тестенини и ориз,
  • макробиотички варива,
  • вегетаријански варива,
  • останато.

Принцип на подготовка

Во согласност со рецептот, во сад за варење се додаваат исечканите состојки и се варат на тивок оган додека не омекнат. Во зависност од структурата, т.е тврдината, состојките можат да се додаваат селективно, со временска оддалеченост, со цел да се избегне нерамномерната тврдина на поединечните состојки во готовото јадење.

Состојките можат да се додадат на претходно загреано масло во кое е пропржен кромид. За подготовка на повеќето домашни традиционални јадења се користела и запршка за да се постигне компактност на состојките.

Предлог: Посакуваната густина на оброците за деца може да се постигне со пасирање на состојките на варивото како би се избегнало додавањето на печено брашно.

Варивата за деца можат да се подготват од компир, морков,грашок, тиквичка, кељ, зелка...

Варивата со својот кашест облик се најпогодни за деца кои имаат проблеми со растот на забите.

Додавањето на парчиња на суво или свежо месо треба да се прилагоди на желбата на детето. Доколку детето во исхраната избегнува месо,тогаш за варивото месото треба добро да се иситни, или да се вари како поголемо парче, кое може да му се послужи на детето во чинија. Варивата можат да се подготвуваат и со супа во коцка. Многу е важен балансот на состојките, како ниедна не би доминирала со мирис и вкус.

Повеќето варива можат да се подгреваат со исклучок на оние кои содржат компир и спанаќ. Најдобри се ако се свежо подготвени и ако не се предолго варени, како би се зачувала што поголема количина на нутритивни компоненти.

Варивата се консумираат со лажица и доколку се користат контролирани количини на маснотии, немаат голема калориска вредност. Кога се варивата во прашање се истакнува оптималноста на нутритивни компоненти и умерената калориска вредност во еден оброк. За децата кои се ориентирани на претерано внесување на благи јадења, грицки и брза храна, а не внесуваат зеленчук се препорачува консумирање на варива најмалку три пати неделно.

Треба да се нагласи дека децата кои имаат проблеми со забите, избегнуваат тврда храна. Ако ги изгубиле катниците не се во можност добро да ги џвакаат состојките и често тоа им претставува болка. Варивата со својот кашест облик се впрочем најпогодни за деца со вакви потешкотии.

Преземено од www.ringeraja.mk.

 

Прочитајте и: