• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Коријандер – здрав и лековит зачин

Коријандерот најчесто се користи како зачин, но тој има и многу лековити својства. Познато е дека го смирува надразнетиот желудник и ја регулира функцијата на цревата.

Сувиот коријандер е природен лек против пролив. Покрај тоа, коријандерот е одличен за ублажување на изгоретините, бидејќи ја намалува болката и отокот.

Ако барате природен лек за ублажување на мачнината, една или две лажички коријандер може да ви помогнат.

Коријандерот е особено корисен за жените кои патат од тешки и обилни менструации. Семките од оваа билка го ублажуваат обилното менструално крварење. Чајот от коријантер се припрема така што се варат 6 грама семки од коријандер во 500 милилитри вода. Чајот може да го засладите со мед и да го пиете како топол напиток.

Лековитиот коријандер помага и при артиритис. Тој има антивоспалителни својства. Исто така, коријандерот го намалува нивото на шеќерот во крвта, стимулирајќи го излачувањето на инсулинот.

Коријандерот го намалува и нивото на „лошиот“ холестерот, а го зголемува нивото на „добриот “ холестерол. На тој начин помага за спречување на кардиоваскуларните заболувања.

 

Прочитајте и: