• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Хемикалиите од пластиката може да предизвикаат рана менопауза

Нашето домаќинство изобилува со штетни материи.

Хемиските соединенија пронајдени во производите кои секојдневно ги користиме – од прастични садови за храна до облека – се поврзуваат со појава на менопауза во порана возраст отколку што е тоа вообичаено. Ова го открило американското истражување, кое било спроведено на речиси 26 000 жени.

Жените кои во организмот имаат високи концентрации на соединенија на перфлуоројаглерод или PFC порано ја губат менструацијата и влегуваат во климактериум, откриле научниците од Универзитетот Западна Вирџинија. Научниците сметаат дека соединенијата на перфлуоројаглеородот ја нарушуваат рамнотежата на хормоните во телото.

Жените кои во крвта имале највисоки концентрации, веќе во 40-тите години од животот влегле во климактериум, покажале анализите на крвта на испитаниците. Соединенијата на PFC ги има во целиот дом, а се вдишуваат преку прашината или пареата или се внесуваат со храната. Освен со предвремената менопауза, соединенијата на PFC се поврзуваат и со ракот на штитната жлезда и болестите на срцето.

Соедниненијата на PFC ја одбиваат водата и мастите, па често се користат во производствто на тефлонски тави, а некои од производителите веќе го намалиле процентот на PFC во своите производи.

„Не постои никакво сомневање за поврзаноста помеѓу изложувањето на PFC и пораното влегување во климактериум“, изјавила Dr. Sarah Knox, водителката на истражувањето.

Резултатите од истражувањето биле објавени во научниот часопис „Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism“.

 

Најчитани наслови