• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Потврдено - КТ снимањето ја намалува смртноста од рак на белите дробови

Деталните анализи ги потврдуваат претходните наоди дека има 20 % помалку смртни случаи меѓу луѓето кои се тешки пушачи или кои некогаш пушеле многу, кои беле подложени на компјутеризирана томографија (КТ) на белите дробови, во однос на лицата кои биле подложени на стандардно реднгенско снимање.

Истражувачите опфатиле 53.454 испитаници во своето истражување: National Lung Screening Trial (NLST). Испитаниците биле пушачи или пушеле порано најмалку 30 години, а немале никакви симптоми на рак на белите дробови. Сите испитаници биле распоредени во две групи. Едната група испитаници била подложена на три годишни снимања на белите дробови со КТ, а другата на три годишни испитувања со стандардно рендгенско снимање.

„Овие резултати потврдуваат дека со КТ скенрањето може да се намали бројот на смртните случаи од рак на белите дробови, од кој се очекува дека само оваа година ќе имрат повеќе од 150.000 Американци,“ вели Dr. Denise R. Aberle од UCLA Jonsson Comprehensive Cancer Center. „Ова истражување, исто така, ќе ни послужи и како водич за развој на правилник за пошироката јавност врзан за снимањето на белите дробови во наредните години“, додалa Dr. Denise R. Aberle.

Истражувачите нагласуваат дека големи ограничувања на KT скринингот се абнормалните и/или лажно позитивните резултати. Во тек се нови студии базирани на податоците на NLST.

 

Најчитани наслови