• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Омега-3 масните киселини му годат на срцето, но немаат таков ефект на простатата?

Иако голем број студии покажале дека омега-3 масните киселини се добри за здравјето на срцето, се чини дека овие хранливи состојки немаат таков ист ефект и на простатата.

Најновто истражување покажало дека високото ниво на масни киселини во крвта е поврзано со зголемен ризик од агресивен рак на простата. Од друга страна, зголемените нивоа на нездравите транс-масни киселини може да го намалат спомнатиов ризик.

Студијата, во која биле вклучени повеќе од 3,400 мажи, покажала дека лицата со највисок процент на DHA (докозахексаеноична киселина) во крвта имаат два и пол пати поголема веројатност да развијат агресивен рак на простата во споредба со лицата со најниско ниво на DHA.

Студијата на американскиот Fred Hutchinson центар покажа дека не постои врска помеѓу ризикот од развивање на рак на простата и омега-6 масните киселини, кои се наоѓаат во повеќето растителни масла и за кои се верува дека предизвикаат воспаление.

Резултатите од ова истражување се објавени во научниот часопис „American Journal of Epidemiology“.

 

Најчитани наслови