• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Стоматолозите може да го откријат недијагностицираниот дијабет?

Парадонтозата може да претставува рана компликација на шеќерната болест, велат научниците. Парадонтозата претставува хронично, подлабоко воспаление на непцата и соседните ткива.

Резултатите од најновото истражување покажале дела стоматолозите можат да помогнат во откривањето на недијагностицираниот дијабетес или да ги откријат лицата со преддијабетес.

„Идентификувајќи ги пациентите кои не се свесни за нивната состојба со рутинските стоматолошки прегледи може да биде идеална можност за борба против епидемијата на дијабетесот“, велат истражувачите од Универзитетот Колумбија.

Парадонтната болест е сериозна инфекција, која доколку не се лекува, може да доведе до губење на забите.Станува збор за хронична бактериска инфекција, која во почетната фаза ја зафаќа гингивата, но подоцна и коската во околината на забот. Болеста започнува кога бактериите од плаките, кои постојано се формираат на забите, предизвикуваат воспаление на слузницата.

Претходните студии покажале дека добрата и правилна орална хигиена може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Резултатите од ова најново истражување се објавени во научниот часопис „Journal of Dental Research“.

 

Најчитани наслови