• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Октомври - месец посветен на ракот на дојката Печати

Октомври е Светски месец за подигање на свеста за ракот на дојката. Во текот на овој месец, во многу земји во светот, се организираат бројни активности со цел да се подобри информираноста на широката јавност за ова често малигно заболување.

Секоја жена може да заболи од рак на дојка. Сепак постојат некои фактори кои го зголемуваат ризикот од развој на рак на дојка кај некои жени.

Зголемен ризик за настанување на рак на дојка имаат жените со:

  • рана менарха,
  • доцна менопауза,
  • прв пород во доцни години од животот (староротки)-по 35 годишна возраст,
  • мал број породи,
  • жени кои не доеле или доеле кратко време,
  • жени кои не раѓале (неротки),
  • бенигни промени во дојката,
  • позитивна фамилијарна историја (мајка, баба, сестра, тетка по мајка.)

Ракот на дојката во својот почетен стадиум е обично асимптоматски. Пациентката, обично при самопреглед, или случајно открива безболна тврдина во пределот на дојката. Секоја безболна тврдина во дојката не значи и сигурно постоење на рак. Постојат и бенигни тврдини во дојката, како што се фиброцистите. Но, секоја тврдина во дојката треба детално да се испита.

Локалните симптоми на ракот на дојката се:

  • палпабилна безболна тврдина (јазол),
  • болно осетлива тврдина,
  • вовлекување на кожата над туморот,
  • вовлекувањена брадавката,
  • црвенило на кожата,
  • раничка (ерозија) на брадавката,
  • секреција од брадавката (која може да биде: серозна, гнојна, млечна и крвава),
  • фиксираност на дојката за подлогата, за градниот (пекторален) мускул,
  • деформација на дојката.

Скрининг мамографијата сеуште е една од најдобрите достапни методи за рано откривање на ракот на дојката.