• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
ХПВ инфекцијата поврзана со ракот на грлото!

Резултатите од најновото истражување покажале дека ракот на устата и грлото (гркланот) е во пораст, пред се поради вирусната инфекција предизвикана од хуманиот папилома вирус (ХПВ). Експертите предупредуваат дека оралниот секс во комбинација со ХПВ инфекцијата води до развој на рак на грлото.

Студијата, исто така, покажала дека бројот на лицата, кај кои бил дојагностициран рак на грлото поврзан со ХПВ инфекцијата, од 1988 до 2004 година тројно се зголемил. Експертите се убедени дека до ова зголемување довеле промените во сексуалното однесување, кои придонесле за ширење на вирусот.

Терминот ХПВ се однесува на група вируси т.н. папилома вируси. Досега се идентификувани преку 100 различни типови на ХПВ вируси, а околу 30 од нив се пренесуваат со сексуален однос. Овие вируси се напрекуваат папилома вируси, бидејќи одреден број од нив предизвикуваат брадавици по телото на човекот или медицински наречени папиломи, како и одредени видови на карциноми, вклучувајќи го ракот на грлото на матката, ракот на анусот и пенисот.

ХПВ инфекцијата е честа сексуално пренослива инфекција, која се пренесува од едно на друго лице преку сексуален однос или интимни контакти со гениталиите (во текот на предиграта или во текот на „галењето“ со прсти или уста), како и со практикување на орален секс.

„Пушењето и алкохолизмот порано беа главни фактори на ризик за развој на ракот на грлото. Ситуацијата во денешно време драстично се менува. Речиси половина од луѓето кои страдаат од рак на устата и грлото се ХПВ позитивни“, објаснува Dr. Maura Gillison од Државниот универзитет во Охајо.

Истражувањата покажуваат дека особено тинејџерите се несвесни за ризикот што го носи незаштитениот орален секс, вклучувајќи го и преносот на ХПВ вирусот, хламидијата и гонореата.

Резултатите од ова најново истражување се објавени во научниот часопис „Journal of Clinical Oncology“.

Прочитајте повеќе за ракот на грлото (гркланот)

 

Најчитани наслови