• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Лековите за крвен притисок го продолжуваат животот на пациентите со меланом

Бета-блокаторите, кои вообичаено се користат за лекување на висок крвен притисок, исто така, може да играат важна улога во забавувањето на прогресијата на одредени видови на рак, покажале резултатите од новата студија.

Анализата на повеќе илјади медицински документации во Данска покажала дека пациентите со меланом кои земале и одредени бета блокатори имале многу пониски стапки на смртност во споредба со пациентите кој не ги земале овие лекови.

Ако резултатите бидат потврдени во планираните клинички испитувања, бета-блокаторите би можеле да бидат дополнителен третман за пациентите болни од рак.

Во фокусот на ова истражување е фактот дека одредени молекули, кои играат важна улога во имунолошкиот систем, исто така, го стимулираат растот и метастазирањето на туморот.

„Нашата работа започна со некои поранешни студии, каде откривме дека одредени туморски клетки се поврзани со два специфични хормони на стресот, адреналинот и норепинефринот, објаснил Dr. Ron Glaser, професор по молекуларна вирологија, имунологија и медицинска генетика и директор на „Ohio State University's Institute for Behavioral Medicine Research (IBMR)“.

Истражувачите ги следеле пациентите со меланом кои земале бета-блокатори, како и оние кои не го користеле овие лекови, за да утврдат кај која група е продолжено преживувањето. Притоа, тие заклучиле дека пациентите со меланом кои користеле бета-блокатори кога им бил дијагностициран ракот подолго живееле во споредба со пациентите кои не го користеле овој лек. Нивната шанса за преживување на одреден број на години била зголемена за 13%.

Истражувањето било објавено во списанието „Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention“.

 

Најчитани наслови