• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Со испитување на плунката до рана дијагноза на ракот на панкреасот?

Иако ракот на панкреасот не е така често малигно заболување, тоа е едно од најсмртоносните. Според едни автори, ракот на панкреасот е на четврто место, а според други, на петто место како причинител за смрт од рак.

Dr. Adam Roberts

Загрижува фактот што инциденцата на ракот на панкреасот е во постојан пораст, а причините за тоа сé уште не се познати. Болеста многу ретко се открива во ран стадиум, кога и излекувањето е можно.

Повеќе од 95 % од пациентите умираат во рок од две години по дијагнозата. Друг голем проблем е тоа што луѓето со овој тип на рак немааат типични симптоми сé додека болеста не се развие во напредната фаза.

И покрај техничкиот развој и усовршувањето на методите кои овозможуваат откривање на присуство на малигноми, досега разочарувачки мал напредок е постигнат во откривањето и разбирањето на биологијата на овој малигном.

Но истражувачите од Универзитетот во Калифорнија имаат охрабрувачки вести. Тие откриле дека лицата кои боледуваат од рак на панкреас имаат во поголема мера два вида на бактерии во устата, кои се поврзани со заболувањата на непцата. Тие, пак, се поврзани со 80% од случаите на ракот на панкреасот.

Станува збор за бактеријата Granulicatella adiacens, која болните од рак на панкреасот ја имат во поголема мера во својата плунка. Исто така, во помала мера ги имаат во устата и бактериите Neisseria elongata и Streptococcus mitis.

Научниците во своето истражување вклучиле само 20 лица, но тврдат дека заклучоците од студијата се многу важни. Микробиолозите од Институтот за стоматологија во Лондон сметаат дека бактериите од устата можат да влијаат и на другите делови на телото.

„Можноста за испитување на плунката за одредени бактерии, како и можноста за предвидување на ракот и другите системски заболувања е навистина атрактивен предлог кој би резултирал со рано откривање на болестите, што на крајот ќе резултира со подолго преживување и спасување на животот“, тврди Dr. Adam Roberts, микробиолог од Институтот.

 

Најчитани наслови