• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто во есен се почести инфекциите на горните дишни патишта? Печати

Пристигна есента, а со неа и болестите кои се:

  • најчеста причина за изостанување од работа или школска настава,
  • најчеста причина за одење на лекар,
  • и најчеста причина за често неоправдано земање на антибиотици.

Акутна инфекција на горните респираторни патишта

По долгиот период на високи летни температури, конечно пристигна и есента пратена со ниски температури и поголеми температурни разлики помеѓу денот и ноќта.

Природната отпорност на организмот при ниски температури е значително намалена, а со тоа се зголемува склоноста кон акутни инфекции на горните дишни патишта.

За поголемата честота на акутните инфекции на горните респраторни патишта допринесува и подолгиот престој во затворени простории со поголем број луѓе, недоволно проветрените простории со сув и топол воздух, како што се на пример детските градинки, училиштата, работните места, кината, средствата за јавен превоз и слично.

За среќа, повеќето инфекции на горните дишни патишта се благи и не бараат посериозна или долготрајна терапија.

Колку често се разболуваме?

Акутните инфекции на горните дишни патишта или акутните респираторни инфекции (ARI), се најчестите болести на човекот. Децата заболуваат почесто (4 до 7 пати годишно), додека возрасните заболуваат во просек 3 до 5 пати годишно..

Децата кои одат во градинка најчесто заболувааат - дури и повеќе од 10 пати годишно. Причината за повисока инциденца на настинки кај децата се недоволната развиеност на имунолошкиот систем, како и изложеноста на различни микроорганизми во контакт со другите деца во градинката и училиштето. Познато е дека постојат повеќе од 500 различни антигенски типови и подтипови на микроорганизми кои можат да ги предизвикаат спомнативе болести.

Зошто се толку чести акутните инфекции на горните дишни патишта?

Главните причини за така високата честота се:

  • начинот на пренесувањето на инфекцијата (преку близок контакт и допир),
  • структурата на респираторниот систем на човекот, како многу отворен органски систем,
  • постоење на голем број причинители на болеста,
  • недоволна и тешка превенција на болеста,
  • ограничени можности за лекување.

Кои се причинители на акутните инфекции на горните дишни патишта?

Причинители можат да бидат вирусите и бактериите. Најчестите, благи инфекции на горните дишни ппатишта во 90% од случаите ги предизвикуват вирусите. Станува збор за респираторните вируси, за вирусите на грипот А, Б и Ц, а поретко се предизвикани од бактериите: Streptoccocus pneumoniae, Streptoccocus pyogenes, Haemophilus influenzae и Moraxella catarrhalis.

Познати се преку 200 врсти на вируси кои предизвикувааат симптоми на настинка. Најчесто се тоа риновирусите, реовирусите, коронавирусите, вирусите на параинфлуенцата и други помалку вирулентни вируси кои предизвикуваат обична нстинка. Другите повирулентни респираторни вируси предизвикуваат фебрилен респираторен катар, додека вирусите на инфлуенцата тип А и Б предизвикуваат грип.

Како се манифестира и лекува болеста?

Додека вирусите предизвикуваат обична настинка, фебрилен респираторен катар и грип, бактериите почесто предизвикуваат воспаление на увото, синусите и грлото или примарно или како бактериска суперинфекција по претходно прележана вирусна болест (воспаление на уво, на синуси и стрептококна ангина).

Обичната настинка најчесто минува без покачена температура и општи симптоми. Пациентот се жали на треска и коњуктивитис. Компликациите ретко се развиват и третманот треба да биде насочен кон олеснување на симптомите на болеста.

Фебрилниот респираторен катар се карактеризира со покачена телесна температура и присуство на општи симптоми. Покрај треска и коњунктивитис, присутни се и другите респираторни симптоми: кашлица, болка во грлото и засипнат глас. Лекувањето на фебрилниот респираторен катар без компликации е симптоматски, а во случај на развој на компликации, како што се отитисот (воспаление на увото) и синузитисот (воспаление на синусите), се применуваат антибиотици.

Грип (influenca) е значително посериозна болест на горниот дел на дишните патишта, која е предизвикана од вирусите на грипот, кои се јавуваат секоја година (сезонски грип).

Антибиотици - кога?

Мораме да знаеме дека примената на антибиотиците во лекувањето на акутните некомплицирани вирусни инфекции на дишните патишта е неоправдана. Антибиотиците се применуваат за лекување на компликациите на вирусните инфекции (синузитиси и отитиси) и за лекување на стрептококната ангина.