• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Морската сол не е поздрава од готварската сол?

Резултатите од најновото истражување покажале дека морската сол, која е многу поскапа од готварската сол, не е и поздрава. Научниците тврдат дека и двете врсти на сол обилувааат со натриумов хлорид и во иста мера му штетат на здравјето.

„Морската сол, која често ја препорачуваат поради „природната содржина на минерали“ може да биде и неколку пати поскапа од готварската сол. Можеме да заклучиме дека морската сол е поскап начин, кој му штети на здравјето“, порачуваат истражувачите.

Човекот со денешниот начин на исхрана внесува просечно од 5 до 10 грама сол повеќе отколку што тоа му е потребно на организмот. Земањето на прекумерни количини на сол му штети на здравјето, ги оштетува бубрезите, го покачува крвниот притисок. Лицата со хипертензија би трбале да припазат на внесот на сол во организмот. Најголем дел од солта ја внесуваме со готовата или полуготовата храна.

Поради незнаење, лоши навики и претераната употреба на солтта, таа стана „бело зло“, кое на човечкиот организам му предизвикува повеќе штета отколку корист.

 

Прочитајте и: