• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Калинката ги ублажува симптомите на менопаузата и ја чува здрава простатата

Според австрискиот професор Hademar Bankhofer важни се два факти за калинката: ги ублажува симптомите на менопаузата и е добра за здравјето на простатата. Скоро ниту за едно овошје не постојат повеќе студии како што е за калинката.

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина, железо и фитоестрогени.

Калинката помага во намалувањето на симптомите поврзани со стареењето. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите на менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Таа е една од малубројните овошја кои содржат материи слични на естрогените.

„Гинеколозите откриле дека една калинка дневно ги ублажува тегобите во климаксот“, објаснува професорот Bankhofer. Во калинката има материи кои се многу слични на естрогените и затоа многу позитивно влијае на нивото на хормоните во организмот.

Калинката е овошје кое не одржува млади и им помага на младите жени со хормонски проблеми.

Студиите покажале дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е со месеци да се пие секојдневно по 250 мл сок од калинка. Во САД студиите дури покажале дека благодарение на сокот од калинка дошло до намалување на ПСА вредностите дури и кај мажите кои биле лекувани од рак на простата.

• Калинка – богат извор на антиоксиданси

 

Прочитајте и: