• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Нискокалоричната исхрана ги намалува мастите околу срцето

Резултатите од најновото истражување покажале дека нискокалоричната исхрана ја подобрува функцијата на срцето кај дебелите луѓе со дијабет тип 2.

За да бидат резултатите од истражувањето во целост точни, научниците пред и после истражувањето го мереле индексот на телесната маса на испитаниците и со помош на магнетна резонанца ја анализирале работата на срцето и ги мереле перикардијалните (околу срцето) масти. Познато е дека перикардијалните масти можат да ја оштетат срцевата функција.

Кај испитаниците, четири месеци по консумирање на нискокалорична исхрана, индексот на телесната маса се намалил од 35.3 на 27.5 (статистички дебелината почнува кога индексот на телесната маса ќе ја достигне бројката 30). Перикардијалните масти се намалиле од 39 милилитри на 31 мл.

Добра вест е и што дијабетот кај испитаниците се подобрил веднаш по започнувањето со нискокалорична исхрана.

 

Најчитани наслови