• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Започнете го денот со лимонада

Напитокот од чиста вода и свежо исцеден лимон е еден од најмоќните природни лекови за будење на енергијата. Иако многу луѓе консумираат пијалоци богати со кофеин како што е кафето, експертите велат дека комбинацијата на вода и лимон претствува идеален напиток за почеток на денот.

Лимонот е на самиот врв на намирници кои содржат најмногу антиоксиданси. Благодарение на лимонската киселина, лимонот ги неутрализира токсините во организмот, го забрзува разградувањето на мастите и ја подобрува апсорпцијата на хранливите состојки. Лимонот содржи селен и витамини Ц и Б, со што го зајакнува имунолошкиот систем на организмот и го забавува старењето.

Ако испиеме една чаша лимонада веднаш штом ќе се разбудиме, ќе го намалиме ризикот од зимските болести и ќе го подобриме реасположението. Ако лимонадата е прекисела за ваш вкус, додајте и малку сок од портокал или мед.

Водата е еликсир на здравјето. Таа ги раствара и транспортира хранливите материи низ организмот, ги регулира телесните функции, работата на одделни органи во телото, ги елиминира штетните материи во организмот и ја одржува нормалната телесна температура.

Кога немаме доволно течности, чувствуваме замор и главоболка. Недостатокот на вода во организмот особено е видлив на кожата. Водата ја одржува кожата мека, еластична и, пред се, млада.

Лимонот во борба против ХИВ?

Здрава вода – еликсир на здравјето

 

Прочитајте и: