• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Леќа - богат извор на растителни влакна и протеини

Леќата е богата со протеини и растителни влакна (100 грама сува леќа содржи 48% протеини и 46% влакна од препорачаните дневни потреби). И другите мешункасти плодови се најдобар извор на протеини.

Лековитите својства на леќата се многубројни. Таа не содржи заситени масти, не содржи холестерол, а е извонреден извор на растворливи и нерастворливи растителни влакна.

Растворливите влакна го намалуваат нивото на шеќерот и холестеролот во крвта.

Нерастворливите влакна го забрзуваат варењето на храната и го скратуваат времето на задржувањето на храната во цревата. На тој начин го намалуваат ризикот од воспаление и рак на дебелото црево.

Леќата содржи висок процент на витамини од групата Б, што поволно влијае на нервниот систем, на кожата и косата, додека високата количина на железо помага при слабокрвноста.

Со еден збор, леќата е и храна и природен лек. Таа го чува здравјето на целиот организам и помага во борбата против многу заболувања.

 

Прочитајте и: