• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лековитите својства на ананасот

Во народната медицина со векови се познати лековитите својства на ананасот.

Од лековитите состојки, особено се издвојува бромелаинот, група на ензими кои ги разградуваат протеините и помагаат во процесот на варењето на храната. Ако ананасот се јаде веднаш после оброкот, тој му помага на желудникот да ги разгради белковините до аминокиселини. Затоа ова јужно овошје често се препорачува во текот на држењето на диети. Ананасот е богат со витамин Ц, минерали и растителни влакна кои ја забрзуваат работата на цревата и го поттикнуваат варењето на храната.

Бромелаинот од ананасот има и јако антивоспалително дејство. Клиничките испитувања потврдиле дека бромелаинот од ананасот ги ублажува воспаленијата и го намалува отокот при акутните воспаленија на синусите, грлото, помага при артрит, гихт и го забрзува оздравувањето после операции и повреди.

Бромелаинот е природен лек против настинка и бронхит, бидејќи го разредува секретот во дишните патишта и го олеснува неговото искашлување. Некои истражувања дури покажале дека кај некои воспаленија, бромелаинот би можел да се користи наместо антибиотик. За да ова својство на ананасот целосно се искористи, се препорачува консумирање на ананас помеѓу оброците, инаку ензимите се искористуваат за процестот на варење на храната.

Бромелаинот се наоѓа во петелките и во плодот на ананасот, но се инактивираат со топлина. Затоа конзервираниот ананас не се добар извор на овие ензими, па најдобро е тој да се консумира свеж.

Бидејќи ананасот е богат со антиоксиданси, посебно со витамин Ц, позитивно делува и за заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат различни заболувања како што се: атеросклероза, заболувања на срцето и крвните садови, бронхит, астма, реуматоиден артрит, остеоартрит, рак на дебело црево, како и други видови на малигни заболувања. Според тоа, ананасот се смета како природен антиканцероген лек, кој може да помогне во превенцијата и во борбата против ракот.

Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот и го чува здравјето на човекот.

Ананасот не само што е здрав, туку е и прав козметички волшебник, кој и од надвор и од внатре ја храни кожата, ја чува нејзината влажност, ја обновува, ја чисти и ги собира порите. Ананасот има и „anti-aging“ делување. Докажано е дека го успорува процесот на стареењето на кожата, ја зголемува нејзината еластичност, ја прави кожата помлада, посвежа и помека.

Ананасот го поттикнува метаболизмот, па затоа тој е успешен борец против целулитот и вишокот килограми.

Ананасот содржи и магнезиум. Поради недостаток на магнезиум доаѓа до преосетливост на нервниот систем, до раздразливост, нервоза, грчеви на мускулите, пореметена работа на срцето и на органите за варење. Недостатокот на магнезиум доведува до недоволното искористување на калциумот, за потребите на организмот. Исто така, недостатокот на магнезиум се поврзува и со појавата на малигните заболувања. Сокот од ананас ја намалува напнатоста, нервозата и стресот.

Едно најново откритие на научниците дава надеж за пациентите со малигни заболувања.

Група австралиски научници објавила дека во молекулите на ананасот е откриен јак антиканцероген агенс. Научниците се надеваат дека нивното откритие ќе овозможи развој на нови лекови против ракот на дојката, ракот на белите дробови, ракот на дебелото црево, ракот на јајчникот и против меланомот.

Научниците од Институтот за медицински истражувања во Квинсленд (Queensland Institute of Medical Research) откриле дека се работи за две молекули на бромелин (молекула – CCZ и молекула – CCS). Бромелинот е супстанција добиена од петелките на ананасот. Поранешните истражувања покажале дека бромелинот е богат со ензими, па поради тоа се користи и во прехрамбената инсустрија (за омекнување на месото или за добивање на посветло пиво).

Едната молекула на бромелинот – CCZ го стимулира имунолошкиот систем на организмот и му помага да ги открие и уништи канцерските клетки.

Другата молекула на бромелинот - CCS го блокира протеинот RAS, кој е дефектен во приближно 30% од сите случаи на рак и кој е одговорен за неговото настанување.

CCS и CCZ се ензими на протеазата кои се обично поврзани со процесот на разградувањето на протеините.

Ова е прво истражување со кое е утврдено дека таквите ензими можат да имаат специфично делување на имунолошкиот систем.

Доколку резултите од започнатото двегодишно истражување за безбедноста на оваа терапија бидат позитивни, Институтот ќе почне да бара партнери, кои би дале финансиска поддршка за спроведување на клинички тестирања на луѓето. Доколку клиничките студии се покажат ефикасни, во иднина би можело од ананасот да се произведе нов лек за ракот.

Потрдено е дека ананасот го чува и видот. Научниот часопис „Archives of Oftalmology“објавил студија во која препорачува да се консумираат најмалку 3 оброци дневно ананас, како би се намалил ризикот од појава на сенилна макуларна дегенерација, која се јавува во староста. Макуларна дегенерација е хронична болест поврзана со старењето, која се одликува со заматување на видот.

Свежиот ананас е најздрав

Најдобро е ананасот да се консумира свеж, бидејќи тогаш тој содржи најмногу лековити својста. Најголем дел од бромелаинот се губи при конзервирањето на ананасот.

Во 100 грама ананас има: 85 г вода, 25 мг витамин Ц, 1 г растителни влакна, 175 мг калиум,16 мг калциум. Неговата енергетска вредност е мала и изнесува 55 калории.

 

Прочитајте и: