• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Грип (influenca) - акутна вирусна болест на дишните патишта Печати

Се појавува првенствено на северната хемисфера во зимските месеци и ја загрозува севкупната популација, а посебно старите луѓе и болните со хронични срцеви, белодробни и други заболувања.

Грип (influenca) е акутна вирусна болест на дишните патишта која многу брзо се шири. Се појавува првенствено на северната хемисфера во зимските месеци и ја загрозува севкупната популација, а посебно старите луѓе и болните со хронични срцеви, белодробни и други заболувања. Симптомите се појавуваат отприлика 3 дена по заразата со вирусот на грип. На заразената личност и е студено, исцрпена е, има висока температура, главоболка, болки во мускулите и коските, надразливо чувство во грлото и сува кашлица. Сите наведени симптоми обично ги снемува за 2-7 дена, единствено кашлицата може да трае и по неколку недели.

Вирусот на грип се пренесува со заразени капки и преку површини кои се заразени со слуз од дишните патишта на заболена личност. Заразените капки настануваат при кивање, кашлање и гласен говор. Може да преминат далечина од најмногу едно метро, па затоа за пренос на вирус на грип е потребен близок контакт со заболената личност, обично во затворен простор. На површина во исушена слуз овој вирус може да преживее и по неколку часови. Ако заразената површина ја допреме со рака, можеме вирусот да го пренесеме на слузокожата на носот и устата.

Како да се заштитиме од грип?

Најефикасна заштита од грип е вакцинација која се препорачува на сите, посебно на постари од 65 години, болните со хронично оболени бели дробови, срце, бубрези, дијабетичари, личности со послаб имунитет, личности кои се лекуваат со хемо-или радиотерапија и личности со малигни заболувања. Вакцинација се препорачува и на членовите на семејствата на сите горенаведени за да не би ги загрозиле со вирус.

Вакцинација се препорачува и на бремените жени пред крајот на бременоста, доилките а и на децата, посебно на школска возраст. Вакцинација се препорачува и за медицинскиот персонал и луѓето со слични професии, каде заради отсутност заради грип би имало големо влијание на работата (полиција, царина, пошта, пожарникари...). Многу е важно да одржуваме добра телесна кондиција, доволно да се одмораме, да правиме прошетки на чист воздух и да се храниме здраво, првенствено со овошје и зеленчук. Во месеците кога има повеќе зарази на дишните патишта треба да се избегнуваат затворени простории и повеќе пати темелно да се измијат рацете за да не пренесеме вирус на грип или други микроорганизми во дишните патишта.

Вакцинација против грип - ДА или НЕ?

Кога е најголемата веројатност за појава на грип?

Во текот на целата година по светот кружат заразни болести, па така и грипот.

За вирусите на грип значајно е дека во најголема мера кружат помеѓу жители на северната хемисфера во зима и пролет. Тогаш се најдобри услови за негово ширење, затоа што најмногу се задржуваме во непроветрени простории, вирусите се пренесуваат со заразени капки при кивање, кашлање и гласен говор, а значајни се и преголеми, односно брзи промени на температурата - од жештини до силни студови.

Дали среде зима е предоцна да се прими вакцина?

Вакцинирањето почнува кон крајот на есента и трае се додека бројот на заболени од грип не почне да се намалува. По вакцинацијата, заштитата кај младите се развива во рок од една седмица, а кај постарите 2 седмици и повеќе.

Зошто мора да се вакцинираме против грип секоја година?

Вирусите на грип често и брзо се менуваат, затоа стручни лица секоја година произведуваат серум против вирус. Токму затоа мораме вакцинацијата против грип да ја повторуваме секоја година.

Мораме ли да посетиме доктор во случај на зараза на грип?

Кога ќе заболиме од грип мораме да мируваме, да пиеме многу течности и да се погрижиме да не ги заразиме личностите во близина со своите излачени слузови. Кога кашламе, мораме да ја покриеме устата со марамче, а рацете често да ги миеме. Болеста обично исчезнува после неколку дена. Грипот е предизвикан од вирус и затоа земањето на антибиотици нема да влијае на текот на болеста. Висока телесна температура се смалува со антипиретици, на пр. аспирин кај возрасни и парацетамол кај деца, затоа што аспиринот не е соодветен за деца.

За постари личности кои се лекуваат од хронични болести и луѓе со послаб имунитет грипот може да биде тешка и опасна болест. Ако состојбата по неколку дена не се подобри - првенствено се мисли на висока телесна температура и кашлање кое станува гнојно, значи дека покрај грипот станува збор и за воспаление на белите дробови. Во тој случај преглед и совет од доктор е задолжителен.

Можеме ли и детето да го лечиме како возрасен или некои од начините на лечење за детето не се соодветни?

Кај болни со грип, со лековите лечиме симптоми како што се висока температура, надразливост, сува кашлица и болови во мускулите. Децата ги лечиме како и возрасните, но мораме прво да внимаваме на возраста и телесната тежина. За смалување на температурата не смееме да даваме салицилати (аспирин).

За лечење на грип веќе неколку години на пазарот има на располагање повеќе видови на лекови кои се со различна ефикасност. Лековите малку го намалуваат траењето и го ублажуваат текот на болеста, доколку доктор ви ги препише на првиот или вториот ден од болеста. Некои лекови не се соодветни за болни со сериозно оштетени бубрези или црн дроб, други за болни со астма. Во никаков случај лековите не можат да ја заменат вакцинацијата.

Епидемија на грип

Епидемија на грип прв ја споменал Хипократ 412 г. п.н.е, првата добро опишана пандемија на грип е забележана во 1580-тата година. Во последниот век најпознати беа 4 пандемии на грип: руска 1891-та година, шпанска 1918/19-та година, азиска 1957-та и хонгконгска 1968-та година.

Постојат докази дека таквите пандемии ги предизвикале животни - свињи и птици. Во тие пандемии тогаш била заразена половина од светското население. Во пандемијата на шпанскиот грип, каде околу 80% заболени биле помеѓу 15 и 45 години на старост, починале околу 20 милиони луѓе. Во епидемии може да заболат од 15 до 25% на населението во големите градови, а во колективите и до 40% од луѓето.

Познати се 3 вируси кои предизвикуваат грип: вирус influence A, B i C.

Вирус influence A предизвикува епидемија и пандемија, вирус B обично ограничени избивања, а вирус C заразува поединци и не предизвикува епидемија. Разликување на наведените типови на вирус можно е со серолошки испитувања.

Преземено од Рингераја.