• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Пушењето го зголемува ризикот за развој на немеланомски рак на кожата, посебно кај жените!

Штетната навика може да го наруши здравјето.

Резултатите од најновото истражување покажале дека пушењето може значително да го зголеми ризикот од развој на немеланомски рак на кожата, посебно кај жените.

Во немеланомски карциноми на кожата спаѓаат: базоцелуларниот карцином (carcinoma basocellulare cutis) и планоцелуларниот карцином (carcinoma planocellulare cutis).

Базоцелуларниот кожен карцином настанува од клетките на најдлабокиот слој на епидермисот и е најчест вид на кожен карцином.

Планоцелуларниот кожен карцином се развива од клетките на средниот слој на епидермисот.

Најзначаен фактор на ризик за овие форми на кожен карцином е прекумерното изложување на сонце и други извори на УВ зрачење (солариуми).

Но, најновите истражувања покажаа дека и пушењето може да го зголеми ризикот од развој на немеланомски кожни карциноми.

Резултатите од истражувањето се објавени во најновото издание на списанието „Cancer Causes Control“.

 

Најчитани наслови