• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Tрупка (Raphanus sativus L. var. niger) - здрава храна и природен „лек“!

Постојат две врсти на трупка (ротквица): зимска црна и зимска бела трупка.

Коренот на црната трупка има топчеста форма и интензивно црна боја. Црната трупка има бело крцкаво месо, умерено луто и со специфичен мирис. Има мала енергетска вредност, но е богата со многу хранливи и лековити состојки. Се користи задебелениот корен во сирова форма и тоа и како храна и како лек.

Коренот на црната трупка содржи хранливи материи (белковини, јагленохидрати, масти и целулоза) минерали (калиум, калциум, фосфор, натриум, железо и мали количини на магнезиум, сулфур, бакар, кобалт, цинк и флуор), сулфурно масло – рафанол, витамини и други лековити состојки.

Лутината на црната трупка ја даваат соединенијата со горчливо масло. Колку е црната трупка полута, толку е и поквалитетна. Во исхраната најмногу се користи за салата, а од неа може да се прави и сок, кој е богат со антиоксиданси. Сокот од црна трупка е богат со калиум, калциум, фосфор, железо и со витамини, а полесно се свари отколку овој зеленчук да се јаде свеж.

Лековити својства

Црната трупка, поради своето богатство на антиоксиданси, е одлична храна и природен лек против многу заболувања. Поради големото количество на витамини и минерали, таа го јакне имунитетот, го подобрува апетитот и ја чисти крвта. Таа е одличен природен детоксикатор на организмот.

Поради големата содржина на калиум, црната трупка е добар природен диуретик, односно го зголемува исфрлањето на течностите од организмот. Односот на калиумот и фосфорот во трупката е таков што овозможува добро искористување на калциумот.

Свежиот сок од трупката е стар народен лек, а помага при воспаление на жолчната кеса бидејќи го зголемува излачувањето на жолчката.

На кои лица не им се препорачува црната трупка?

Црната трупка не им се препорачува на лицата со воспаление на слузницата на желудникот и цревата (гастрит, колит), како и на лица со чир на желудник или дванаестопалачно црево и на лица со бубрежни заболувања.

 

Прочитајте и: