• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Секојдневна физичка активност против хроничниот замор Печати

Вежбањето може да биде ефикасен третман против хроничниот замор. Тоа им помага на нашите мускули да се справат со поголемо оптеретување, го зголемува количеството на кислород во организмот, а со тоа се зголемува и нивото на енергијата. Физичката активност го јакне нашето тело, но и духот.

Недоволната мотивација е сигурно најчеста причина зошто луѓето не вежбаат доволно и редовно. Исто така, често ни е мотив за редовно вежбање само губитокот на вишокот килограми и добриот изглед на нашето телото, па затоа и не размислуваме за сите други предности кои ги дава редовното вежбање.

Кога ќе станеме свесни за сите предности на редовното вежбање, би ни било многу полесно да сфатиме зошто е редовната физичка активност неопходна и нужна.

Вежбањето е вентил за ослободување на насобраната негативна енергија и фрустрација. Тоа секогаш ќе ни го подобри расположението. Без оглед на тоа дали сме бесни или тажни, вежбањето ни помага, бидејќи при тоа се ослободуваат одредени хемиски супстанции во мозокот, кои делуваат на расположението. Вежбањето ја јакне и самодовербата, која е уште еден чекор кон подобар и здрав живот.