• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Повеќе протеини не значи и повеќе месо

Месото, млекото и нивните производи се најчесто први на листата на намирници кога треба да се зголеми внесот на протеините во организмот. Нутриционистите истакнуваат дека ова е сосема погрешно, бидејќи постојат многу намирници од растително потекло кои изобилуваат со растителн протеини.

Протеините се важен дел од исхраната и експертите се почесто потсетуваат дека околу 15% од дневниот внес на храна треба да бидат намирници богати со протеини. Истовремено, научниците и нутриционистите постојано истакнуваат дека не е здраво да се консумираат големи количини на месо, особено црвено место. Лицата кои секојдневно консумираат големи количини на месо и месни производи имаат поголем ризик за развој на некои видови на рак и други хронични заболувања.

Како тогаш да ја избалансираме нашата исхрана така да нашиот организам има доволно протеини, а да при тоа не консумираме храна која може да го наруши нашето здравје?

Нутриционистите велат дека тоа е многу лесно. Тие истакнуваат дека кикириките, оревите, бадемите, лешниците и другите јатчести плодови, грашокот, боранијата, кокосот, цвеклото, овесот и интегралниот орис се само некој од бројните намирници кои се одлични извори на растителни протеини.

Свежиот или замрзнатиот грашок е богат со растителни влакна, со витамини К и Ц и со минерали, Околу 5% од неговата маса ја чинат високовредни протеински материи. Сепак, за да телото биде снабдено со сите аминокиселини во текот на денот, би требале да внесуваме и млеко и млеко производи.

Ресвератролот е антиоксидант кој го штити срцето, а го има најмногу во кикириките, но и во други видови на овошје и зеленчук. Путерот од кикирики садржи дури 28 % белковини, како и важни мононезаситени масти кои, исто така, го намалуват ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Карактеристика на азиската кујна е кокосовиот орев или кокосовото млеко кое го додаваат во солените јадења. Експерите нагласуват дека е најздраво да се јаде свежо овошје и зеленчук, како и свежо приготвени сокови од овошје и зеленчук.

Интегралниот ориз, иако е првенствено намирница богата со јагленохидрати, содржи и голема количина на влакнести и протеински материи.

Во авокадото, освен протеини има доста и растителни влакна кои го олеснуваат варењето на храната. Освен тоа ова егзотично овошје е богато и со многу витамини и минерали, како и со омега - 6 есенцијални масти, кои може да го намалат нивото на „лошиот“ холестерол во крвта, а со тоа и да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболуивања, срцев и мозочен удар. Количината на протеините во авокадото е незначително помала отколку во полномасното млеко.

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...

Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.

Ако сте вегетаријанец, цвеклото е идеално за вашата исхрана, бидејќи содржи кобалт, кој учествува во стварањето на витаминот Б12, кој вегетаријанците не го внесуваат доволно.

Овесот е билка која се вбројува во фамилијата треви. Оваа житарица содржи високовредни материи, кои му се неопходни на организмот. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни витамини... Овесот содржи дури и 3% протеини.

Поради мноштвото корисни состојки, овесот е здрава намирница и треба да се вклучи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот, ги зајакнува неговите природни одбрамбени механизми.

Затоа следниот пат кога ќе помислите дека би требало да изедете нешто протеинско, не одете веднаш во месарница. Изборот на здрави протеински намирници е навистина многу богат.

 

Прочитајте и: