• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Mayo Clinic: Расте бројот на млади девојки заболени од меланом!

Резултатите од новото истражување покажале дека во последните 40 години драматично се зголемил бројот на млади девојки заболени од меланом.

До овој заклучок дошле научниците од Клиниката Мајо. Тие утврдиле дека честотата на меланомот од 1970. до 2009. година се зголемила за осум пати кај младите жени и четири пати кај младите мажи.

Научниците истакнуваат дека главни виновници за зголемувањето на бројот на заболените од меланом се честата употреба на солариумите, изгоретините здобиени во детството, но и во возрасната доба.

„Секое изложување на УВ зраци, без оглед на нивниот извор – природен (сонце) или вештачки (солариум) – предизвикува одредени несакани промени во кожата. На која возраст и во која форма тие ќе се појават, битно зависи од збирот на експозициите на УВ зраци, т.е. од количината не времето поминато на сонце (или во солариум).

Со оглед дека живееме во подрачје со многу сончеви денови и имаме обичај да ги поминуваме годишните одмори на море, ние сме како нација „премногу на сонце“. Ако покрај тоа уште и дополнително се изложуваме на УВ зраци од солариумите, тогаш значително го зголемуваме ризикот за настанување na преканцерозите и карциномите на кожата. Освен тоа, кожата под дејство на УВ зраци побрзо старее.

Резултатите од истражувањето биле објавени во научното списание „Mayo Clinic Proceedings“.

 

Најчитани наслови