• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Пушењето во бременоста ја загрозува психата на бебето!

Колку повеќе цигари толку поголем ризик!

Пушење и бременост.

Жените кои пушат во текот на бременоста го загрозуваат здравјето на своето дете зголемувајќи ги шансите за развој на психички проблеми во детството и тинејџерските години. Ова го потврдиле резултатите од новото истражување на научниците од Финска.

Иако постојат бројни докази дека пушењето во бременоста може кај неродените деца да предизвика долгорочни здравствени проблеми како астма, инфекции на увото и дишните патишта, најновото истражување на финските научници е прво кое ја испитувало поврзаноста помеѓу пушењето во пренаталниот период и зголемениот ризик од ментални болести, како што се недостаток на внимание, хиперактивност и депресија.

Истражувачите од финскиот Универзитет Турку ги анализирале податоците од раѓањето на 175.000 деца, родени во доцните 1980-тите, како и нивното користење на психотропни лекови во детската и тинејџерската возраст.

Резултатите јасно покажале дека децата кои биле изложени на пренатално пушење имале 32% поголема веројатност дека во детството ќе мора да земаат лекови за ментални заболувања во споредба со децата чии мајки не пушеле во текот на бременоста. Ризикот бил поголем кај оние деца чии мајки пушеле во текот на бременоста повеќе од една кутија цигари дневно. Нивните деца имале дури 44% поголем ризик од користење на лекови за метални заболувања во споредба со децата чии мајки не ги труеле со никотин.

Истражувањето покажало дека пренаталната изложеност на никотин го попречува развојот феталните мозочни клетки. „Во нашите претходни студии, објавени во списанието Journal of Pediatrics, откривме дека предвреме родените деца ( недоносените деца) изложени на пушење имаат помал волумен на фронталниот и малиот мозок од доенчињата кои не биле изложени на никотин. Овие регии на мозокот се исклучително важни за нормалниот когнитивен развој“, изјавиле истражувачите.

Според најновите истражувања спроведени од Универзитет во Аризона, доколку жената за време бременоста пуши цигари, детето кое ќе се роди е со големи шанси да стане пушач уште додека е тинејџер.

„Чадот от цигарите некако ја менува хемијата во мозокот. Доколку детето е пренатално изложено на чад од цигари, шансите дека ќе стане хроничен пушач најдоцна до 22 години, се преголеми“-изјавила лидерката на тимот за истражување, Dr. Roni Grad.

Затоа истражувачите препорачуваат:

„Драги идни мајки, ако сте бремени и ако пушите, време е да прекинете со оваа отровна навика. Здравјето на вашето неродено бебе мора да биде на прво место!“

 

Најчитани наслови