• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Магнезиумот помага во спречување на дијабетот!

Исхраната богата со магнезиум може да помогне во спречувањето на дијабетот, покажале резултатите од најновото истражување.

„Луѓето кои консумираат многу магнезиум, било како храна или преку витамински додатоци, имаат скоро 50% помал ризик од развој на дијабет во наредните 20 години“, изјавиле американските научници.

Научниците до овој заклучок дошле проучувајќи 4,497 испитаници кои учествувале во истражувањето. Лицата кои во текот на истражувањето консумирале околу 2000 милиграми магнезиум на секои 1000 калории, имале 47% помала веројатност за развој на дијабет во споредба со лицата кои консумирале околу 1000 милиграми магнезиум.

Научниците тврдат дека магнезиумот навистина може да влијае на ризикот од развој на дијабет, бидејчи овој минерал е потребен за правилно функционирање на неколку ензими кои му помагаат на организмот да ја прерабои гликозта.

Затоа научниците препорачуваат консумирање на цели житарици, бидејќи тие содржат многу магнезиум, па со тоа и го намалуваат ризикот за развој на дијабет.

 

Најчитани наслови