• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Prof. Lena Hulthén: Младите мажи конзумираат алармантна количина на сол

Пресолената храна може да предизвика кардиоваскуларни проблеми и мозочен удар.

Prof. Lena Hulthén.

Младите Швеѓани консумираат барем два пати поголема количина на сол од препорачаниот внес. Ова го потврдило истражувањето на научниците од University of Gothenburg и Sahlgrenska University Hospital.

„Станува збор за навистина алармантен факт. Време е нешто итно да превземеме во врска со тоа. Засега можеме само да шпекулираме за последиците кои толку високиот внес на сол ќе ги предизвика подоцна во животот. Тука, пред се, мислам на кардиоваскуларните болести и мозочниот удар“, изјавила Prof. Lena Hulthén.

Во истражувањето биле вклучени речиси стотина мажи во нивните дваесетти години. Лекарите ги анализирале примероците од урината на сите учесници во период од 24 часа. Примероците на урината покажале дека младите мажи консумирале најмалку два пати повеќе сол од количината која дневно ја препорачува Светската здравствена организација. Препорачаната дневна доза на сол изнсува 6 грама.

Високиот внес на сол може да доведе до висок крвен притисок. Хипертензијата се манифестира, во повеќето слуачаи, во 30-тите или 40-тите години од животот, бидејќи способноста на бубрезите да го елиминираат вишокот на солта слабее со годините“, изјавила Dr. Hulthén.

Солта била пронајдена во голема мера во готовите оброци како пицата и замрзнатото месо, но исто така и во лебот, сирењето, сендвичите со месо, производите од риба, житариците за појадок и другите производи на прехрамбената индустрија.

„Ако сакаме да го намалиме нашиот внес на сол во организмот, треба да постојат јасни прописи за дозволената количина на сол која смее да ја употреби прехрамбената индустрија во своите прехрамбени производи. Би било одлично да се следи примерот на Финска, каде сите пакувања на прехрамбените прозиводи мораат јасно да ја наведат количината на сол која ја содржат. На тој начин консументите полесно ќе изберат производ со помалку сол“, изјавила Dr. Lena Hulthén.

 

Прочитајте и: