• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Рибата и јатчестите плодови штитат од рак на панкреасот!

Резултатите од најновото истражување покажале дека исхраната богата со риба, јатчести плодови и зеленчук може да го намали ризикот од рак на панкреасот.

Во јатчести плодови (овошје) спаѓаат: орасите, костените, бадемите, кикириките, лешниците, ф‘стаците и многу подврсти кои не растат кај нас, како на пример: макадамскиот орев, бразилскиот орев, индиските и јапонските ореви и слично. Тие се изклучително здрави за човечкиот организам. Освен што се вкусни, богати се со многу здрави и лековити нутритиенти, односно со протеини, витамини и минерали кои му даваат на организмот снага и го јакнат имунитетот. Мастите кои ги содржат јатчестите плодови спаѓаат во групата на полунезаситени и монозаситени масни киселини, кои имаат способност да го намалат нивото на „лошиот“ холестерол (LDL) во крвта.

Јатчестите плодови се важен дел од исхраната, било само да се користат како грицки или пак како додатоци на јадењата. Тие се многу здрави, а особено се корисни за кардиоваскуларниот систем, бидејќи се богати со омега 3 масни киселини, со витамини и минерали, а со оглед на калоричноста, тие се и извор на енергија. Помагаат за јакнење на кожата, косата и ноктите, ја подобруваат концентрацијата и меморијата и го зголемуваат либидото.

Јатчестите плодови можат, освен сирови, да се припремаат на разни начини (со пржење, со варење), како додаток на јадењата.

Дневно не се препорачува да се консумира повеќе од една шољичка јатчести плодови, бидејќи се богати со масти, но се поздрави од чипсот и другите слични грицки, кои се еднакво или повеќе калорични.

Рибата треба да биде што почесто застапена во нашата исхрана. Нутриционистите препорачуваат да се јаде риба барем два пати неделно и тоа приготвена со рибино масло. Рибата е богата со протеини и минерали, како и со рибино масло кое е содржи големи количини на омега-3 масни киселини.

Народите кои живеат покрај море поретко заболуваат од дегенеративни и кардиоваскуларни заболувања за разлика од оние кои живеат во густо населените урбани средини со „тешка“ исхрана. Ова се должи на специфичната исхрана која се состои од риба, вино, маслиново масло, како и на благата приморска клима.

Морската риба е богат извор на минерални соли, првенствено на јод, калиум, натриум, бакар, селен, цинк. Сите врсти на риба содржат витамини од Б групата – Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем. Рибата е богата со калиум, кој е неопходен за раст, развој и одржување на еластичноста на ткивата у со калциум неопходен за правилен раст и одржување на цврстината на коските и забите.

Особено се препорачува плавата риба која се храни со планкотни, а тоа се сардината, туната и другите видови на плава риба.

Месото од рибата е лесно сварливо, па затоа рибата често се вбројува во диетална немирница. Рибата содржи витамини и минерали, но и особено важните Омега 6 и Омега 3 масните киселини (DHA -докозахексаеноична киселина и EPA - еикозапентаеноична киселина). Најповолен однос на овие киселини е 2:1.

Научниците докажале дека редовното консумирање на риба го намалува ризикот од рак на дебело црево, рак на желудник и рак на хранопроводник за 30 до 50 %, а може да го намали и ризикот од рак на дојка.

Тајната е во тоа што рибиното масло го намалува нивото на арахидонската киселина, која во комбинација со другите хемиски супстанции во телото, предизвикува рак.

 

Прочитајте и: